Трагедија: Шестгодишно дете починало на фудбалски тренинг!

502

Трагедија ја потресе Македонија. Како што потврдуваат од МВР, дете на шест години од Гостивар починало на фудбалски тренинг.

На детето му се слошило и паднало на теренот каде се одвивал во тој момент тренингот.

Потоа имало неколку обиди за реанимација, но се било залудно. Веќе починтото дете било донесено во болницата во Гостивар.

Трагедијата се случила во населбата Дутлок во Гостивар.

Констатирано е дека врз починатото дете немало траги на насилство.

ПретходноБањаја победи во спринтот за ГН на Јапонија!
СледноПМФЛ: Вардар на мегдан со шампионот, лидерот гостува во Кратово, Ердем ќе дебитира против Брера