Италијанскиот шампион Интер вечерва славеше против Торино со 3:2 во меч од седмото коло на италијанската Серија А.
Гостите уште во 20 минута останаа со играч помалку по црвениот картон на Марипан, а пет минути подоцна Турам погоди за водство на домашните од 1:0. Единаесет минути подоцна од идентична акција, Бастони повторно упати одличен центаршут, Турам повторно биеше со глава, само овојпат во другиот агол од голот на Вања Милинковиќ-Савиќ за 2:0 .
Гостите штом тргнаа од центарот успеаја да намалат на 2:1, со голот на Дуван Запата.
Но, соништата на Торино ги сруши Турам со својот трет гол на натпреварот во 60 минута. Торино донесе неизвесност, откако Чалханоглу беше многу невнимателен и направи прекршок во шеснаесетникот, а Влашиќ од белата точка погоди за 3:2.