Екипата на ТФТ Скопје ја стартуваше новата сезона во Првата кошаркарска лига со победа над новакот МКК Куманово на домашен терен со резултат 81-70. Мечот беше неизвесен во првиот дел за во вториот скопската екипа да го фати ритамот и да го трасира патот до победата. Во последната четвртина ТФТ беше импресивен добивајќи ја со 23-13 каде што тоталноп го скршија противникот предводен од искусниот Марин Докузовски.
Најефикасен кај ТФТ беше новакот во екипата, Американецот Дарин Говенс со 23 поени. Кај Куманово се истакна новиот играч Тадија Тадиќ со 25 поени, а уште еден нов играч, Американецот Антабија Волер реализираше 14.