Роберт Лавандовски за нешто повеќе од половина час постигна хет-трик, а Барселона убедливо го победи Алавес на гости со 0:3 во мечот од 9. Коло на Ла Лига.
Искусниот 36-годишен ветеран ја погоди мрежата на баскискиот тим во 7., 22. и 32. минута. Првите два гола ги постигна со асистенциите на Бразилецот Рафиња, а третиот со додавањето на Ерик Гарсија.
Левандовски моментално е најдобар стрелец во најдобрите ТОП 5 Лиги. Вкупно постигна 12 гола, пред Ерлинг Халанд (11 за Манчестер Сити) и Хари Кејн (10 за Баерн).