Елмас од клупата ја гледаше победата на Лајпциг кај Хајденхајм!

83

Како Бојан Миовски кај Џирона, така и Елиф Елмас кај Ред Бул Лајпциг. Дијамантот и денеска не доби никаква минутажа во дресот на “биковите“ на гостувањето кај Хајденхајм. Па така мораше од клупата да го гледа триумфот на својот тим од 0:1 на гости кај Хајденхајм. Стрелец на голот беше Опенда во 59.минута. Со овие три бода Лајпциг во моментов е лидер на табелата во Бундеслигата со натпревар повеќе во однос на Баерн Михнен и Франкфурт.

Сепак за нас е најинтересно кога Елиф Елмас ќе успее да се наметне кај Марко Росе и конечно да добива поголема минутажа, ако веќе нема шанси да се избори за место меѓу стартерите.

ПретходноГостивар тргна со победа, триумф над Вардар!
СледноВетеранот Педро му донесе победа на Лацио, Болоња и Парма одиграа без голови!