Надал се враќа – со Шпанија ќе атакува на титула

52

Ветеранот на шпанскиот тенис Рафаел Надал се враќа на терените и ќе настапи за Шпанија во финалната фаза на Дејвис купот кој ќе се одржи во Малага во ноември 2024 година. Последен пат Надал играше на терените во Париз на Олимписките игри, прво во сингл, потоа во двојки со Карлос Алкараз.
Капитенот на шпанскиот тим, Давид Ферер потврди дека Надал прифатил да игра во ноември, со тоа што додаде дека би сакал тој да одигра уште еден турнир пред настапот во Малага.
„Кога беше извршена ждрепката, му испратив порака и му реков да се спреми за мечот против Ван де Зандшулп. Тој ми одговори: „Ќе бидам спремен“.
Иако многумина зборуваа дека Надал наскоро ќе се пензионира и дека настапот на ОИ му беше последен, сепак, „бикот од Мајорка“, барем засега, нема планови да се повлече од тенисот.

ПретходноЧаби Алонсо по ремито со Кил: Не игравме интелегентно, мислевме дека мечот е завршен
СледноКениска доминација на Скопскиот маратон, Ивановски трет, Поп Арсова втора… (ФОТО)