Актуелниот кошаркарски вицепрвак, Пелистер ја обезбеди стартната победа во новата сезона во домашниот кошаркарски шампионат. На гостувањето во Кавадарци, битолчани славеа против Тиквеш со 84:96.
Од самиот почеток на средбата во „Јасмин“ гостите од Битола беа чекор понапред во однос на новиот тим на Тиквеш. Добрата шутерска изведба (особено за три поени), им донесе голема позитива која на полувреме ги однесе со предност од 37:49.
И во вториот дел „пелистерци“ почнаа подобро. Ритамот го зачуваа до крај и на крајот обезбедија висока победа.