Перфектен Бањаја со триумф во Јапонија

77

Светскиот шампион Франческо Бањаја ја забележа осмата победа сезонава во Мото ГП шампионатот по триумфот на трката за Големата награда на Јапонија. Неговиот најголем конкурент за титулата Хорхе Мартин заврши втор и покрај тоа што тргна од 11 позиција.

Бањаја тргна од втората позиција и веднаш го претрка Педро Акоста, кој проба да си го врати првото место уште по првата кривина. Возачот на Тех3 го направи тоа но само за секунда-две бидејќи веќе во втората кривина, Бањаја повторно изби на чело и го сочува лидерството до финишот.

А Мартин кој успеа да стигне до втората позиција проба да го нападне Бањаја, долго време се движеше под секунда зад него, но не успеа да најде позиција да го претрка.
Трет финишира Марк Маркез, четврти Енеа Бастианини, а петтото место му припадна на Франко Морбидели. Педро Акоста кој стартуваше од првото место излета од патеката и го заврши настапот. Без пласман останаа уште Маверик Вињалес, Аугусто Фернандез и Лоренцо Савадори.

ПретходноКрај на сезоната за Дани Карвахал, се повреди и Винисиус
СледноЏудистката Ива Богдановска освои бронза на Балканското првенство во Тирана