Ракометарките на Ѓорче Петров убедливо поразени во Шведска!

47

Ракометарките на Ѓорче Петров, во првиот меч од квалификациите за пласман во Европската лига на ЕХФ, убедливо се поразени во Шведска и тоа од тимот на Х65 Хор и тоа со 29:21.

Ова значи дека првакот на Македонија и тоа како ќе има тешка задача на реваншот, кој се игра во Скопје на следната недела.

Лавиците“ во првата фаза од средбата успеаја да бидат конкурентни во однос на резултатот, сепак следува подобра игра на Швеѓанките кои потоа ја “билдаа“ разликата во своја корист. На пауза се замина со 14:11.

Во второто полувреме нашиот тим како да се врати во игра, во еден момент беше 20:18, но пак домашниот состав направи серија која до крајот едноставно не беше возможно тимот на Ѓорче барем малку да ја намали таа разлика која на крајот гласеше +8 за Х65 Хор.

Муратовиќ со осум голови беше најефикасна кај нашиот тим, Дежиќ постигна пет.

Секако дека тие -8 се голема предност за Швеѓанките во пресрет на реваншот, но сепак ништо уште не е готово за Ѓорче Петров.

ПретходноВетеранот Педро му донесе победа на Лацио, Болоња и Парма одиграа без голови!
СледноГол-машина: Левандовски со хет-трик за нова победа на Барса (ВИДЕО)