Секоја чест: Олмо со поддршка за Карвахал! (ФОТО)

651

На сите им е јасно од какво значење е вековната битка меѓу Реал Мадрид и Барселона, но за разлика од некои други земји и култури, во Шпанија играчите меѓусебно и тоа како се почитуваат, без разлика што едните играат во Реал а другите во Барса.

Пред две недели Тибо Куртоа (Реал Мадрид) јавно на социјалните мрежи му испрати порака со поддршка кон Тер Штеген (Барселона), а сега тоа го стори Дани Олмо (Барса) до Дани Карвахал (Реал), кој вчера тешко се повреди и за него заврши сезоната.

Олмо на Инстаграм му порача на својот репрезентативен колега:

Биди силен пријателе мој“…

Секако дека ова наиде на воодушевување кај фановите на двата клуба, најголеми во светот на фудбалот.

ПретходноВо четврток ќе се одржи 24-тиот „Вуко Каров и тиквешките легенди“! (ФОТО)
СледноМиовски остана на клупата: Џирона со гол од пенал во 90+9.минута го победи Билбао, херој е голманот Газанига!