Синер се изнамачи за пласман во 1/8 финалето во Шангај!

43

Јаник Синер немаше лесна задача против Ечевери во 1/16 финалето на Мастерсот во Шангај, напротив. Најдобриот тенисер на АТП листата сепак успеа да дојде до победа од 2:1 во сетови над Аргентинецот и со тоа оствари пласман во следната фаза.

Првиот сет го доби Ечевери во тај-брејкот, за да потоа Италијанецот почна да игра поквалитетно и успеа да ги добие следните два сета со 6:4 и 6:2 во гемови и со тоа да оствари триумф.

Со оваа победа сепак тој не дозволи да биде поразен од аутсајдерот, иако јасно е дека не беше лесно за него.

ПретходноМоцарт: Вардар е на 6.место на евро-сцената од клубовите од екс – СФРЈ од 1992 до 2020, Работнички е десетти а Шкендија е 19-та! (ФОТО)
СледноХеројот на Манчестер Јунајтед призна: Имаме психолошки проблем