Јане Николовски повеќе не е тренер на ФК Победа

379
ФК Победа вечерва информираше дека во взаемна согласност, клубот и тренерот Јане Николоски решија да ја прекинат соработката.
„Клубот му се заблагодарува на Јане Николоски за неговата посветеност, труд и сите достигнувања што ги постигнавме заедно за време на неговиот мандат. Се надеваме дека ќе има успех во сите негови идни професионални потфати. Нашиот фокус сега е на избор на нов тренер кој ќе продолжи да го води тимот кон нови предизвици и успеси. Клубот останува посветен на својата цел да обезбеди најдобри услови за своите играчи и навивачи“, велат од ФК Победа.
Денешниот пораз од Башкими со 3:1 се чини беше пресуден за заминувањето на нашиот поранешен репрезентативец од кормилото на прилепскиот второлигаш.
ПретходноОва се буџетите на клубовите во ЛШ: Сити со речиси милијарда евра, следуваат Реал, Баерн, ПСЖ…Ц. Звезда и Динамо меѓу најсиромашните!
СледноБаерн само до реми во меч со многу пресврти