Астон Вила и Јунајтед одиграа здодевно реми, кикс на Челзи на свој терен!

27

Попладнево во терминот од 17 часот се одиграа два меча од 7.коло во Премиер-лигата. На “Вила Парк“ во Бирмингем се сретнаа Астон Вила и Манчестер Јунајтед, но на крајот овој меч заврши со резултат 0:0. Едноставно здодевно реми без голови на разочарување на фудбалските фанови. Се чини дека по еден бод не им одговара ни на едните ни на другите, но на крајот се заврши со тој резултат.

На “Стемфорд Бриџ“ Челзи одигра само 1:1 против Нотингем Форест, во меч во кој “сините“ имаа повеќе шанси, и зицери. Во финишот и инцидент, но на крајот само по бод за двете екипи.

Гостите дојдоа во водство со голот на Вуд во 50.минута, но Мадуеке во 57.минута успеа да израмни на 1:1. Во самиот финиш, во судискотото продолжение кое траеше 15 минути, гостите имаа супер шанса за победа. Image

ПретходноИ Алкараз во 1/8 финалето во Шангај!
СледноГостивар тргна со победа, триумф над Вардар!