ВМФЛ: Во дербито Брегалница против Кожув, „лавовите“ го пречекуваат Осогово

200

Попладнево од 14 часот се играат седум средби од 7.коло во ВМФЛ. Вчера Аресими, во првиот меч од ова коло, со 3:0 го победи Вардарски.

Според местата на табелата секако дека мечот во Штип меѓу Брегалница и Кожув е дерби на колото. И двете екипи се горе и двете имаат високи амбиции. Домашните со победа по само 24 часа повторно ќе бидат лидери. Македонија ЃП на својот стадион во Ѓорче го пречекува Осогово, јасно е дека “лавовите“ се фаворит за трите бода.

Охрид дома против Новаци сака нова победа, Детонит против Вардар (Н) би требало да дојде до целиот плен. Скопје гостува кај Борец во Велес, а во Гостивар се среќаваат Башкими и Победа и во Струмица тимот на Беласица ќе игра со Саса.

ДВОЈКИ ЗА 7.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Радовиш: Детонит – Вардар (Н)

Штип: Брегалница – Кожув

Велес: Борец – Скопје

Скопје: Македонија ЃП – Осогово

Струмица: Беласица – Саса

Охрид: Охрид – Новаци

Гостивар: Башкими – Победа

ВЧЕРА

Аресими – Вардарски 3:0

ТАБЕЛА

Аресими 15, Брегалница 14, Македонија ЃП 13, Башкими 13, Кожув 12, Детонит 11, Новаци 10, Саса 8, Скопје 7, Охрид 7, Беласица 5, Осогово 5, Победа 4, Вардар (Н) 4, Борец 3, Вардарски 2

ПретходноРеал нема пораз во Ла Лига на 41 меч, се приближува до апсолутниот рекорд
СледноЧаби Алонсо по ремито со Кил: Не игравме интелегентно, мислевме дека мечот е завршен