ВМФЛ: “Лавовите“ го победија Осогово, Брегалница повторно е лидер

196

Попладнево се одиграа седум средби од 7.коло во ВМФЛ. Фаворитите славеа, па така Брегалница по само 24 часа повторно се врати на лидерската позиција на табелата откако славеше против Кожув во дербито со 1:0 и тоа со голот на Стојков во 21.минута.

Македонија ЃП славеше против Осогово со 2:0, стрелци на головите беа искусните Стоилов и Христов.

Охрид веќе е во победничка серија, денеска на свој терен го победи и Новаци со 3:1. Беласица и Саса одиграа 2:2, со истиот резултат заврши мечот меѓу Борец и Скопје. Башкими ја “реши“ Победа со 3:1.

РЕЗУЛТАТИ – 7.КОЛО

Башкими – Победа 3:1

Беласица – Саса 2:2

Борец – Скопје 2:2

Брегалница – Кожув 1:0

Детонит – Вардар 1:1

Македонија ЃП – Осогово 2:0

Охрид – Новаци 3:1

ВЧЕРА

Аресими – Вардарски 3:0

ПретходноМиовски остана на клупата: Џирона со гол од пенал во 90+9.минута го победи Билбао, херој е голманот Газанига!
СледноИ Алкараз во 1/8 финалето во Шангај!