Со десет поени за 18 минути поминати на паркетот во Милано, нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ партиципираше во првата сезонска победа на Армани Милано во италијанското првенство.
Миланезите денеска на свој терен со високи 100-75 славеа над Сасари за премиерна победа.
Димитријевиќ одигра 18 минути, притоа реализирајќи 10 поени, 5 скока и 6 асистенции.