Каваи Ленард неизвесен за стартот на сезоната: Лекарите велат да почекаме

33

Кавaи Ленард рече дека тој и лекарите од тимот одлучиле да не брзаат со неговото враќање на паркетот.

„Се чувствувам добро. Само одвојувам време, добивам сила и се подготвувам. Решивме да оставиме малку време, да одиме од ден на ден и само да се обидуваме да ме вратиме на теренот. Кога ќе почне да се зборува за играње два дена по ред, ќе видиме што ќе кажат тренерите. Мојата цел е да го освојам првенството, не сакам да ги одиграм сите 82 натпревари. Сакам да победувам, но ќе се трудам да играм колку што можам повеќе. Последните два плеј-оф не беше како што планирав. Не е до тоа како се чувствувам, туку повеќе да ги слушам лекарите за да се обидам да го спречам она што го правев претходно, па затоа сега се наоѓам во оваа ситуација“, изјави напаѓачот на Клиперс.

ПретходноБразил без Винисиус Жуниор против Чиле и Перу
СледноФиорентина го запре залетаниот Милан