Моцарт: Вардар е на 6.место на евро-сцената од клубовите од екс – СФРЈ од 1992 до 2020, Работнички е десетти а Шкендија е 19-та! (ФОТО)

145

Српскиот портал “Моцарт“ денеска излезе со интересно истражување за тоа кој е кој од земјите на екс – СФРЈ во Европа од 1992 до 2020 година. Јасно е дека недостигаат во истражувањето барем три сезони на евро – сцената, но секако дека вреди да се погледне.

Секако дека Динамо Загреб е најуспешниот, најдобриот клуб во сите европски натпреварувања. Следуваат Партизан, Хајдук, Ц. Звезда, Марибор и како шестопласиран е Вардар, нашиот најтрофеен клуб со 12 шампионски титули (тука ја сметаме и онаа од екс-Југославија). Исто така на табелата се споменуваат и Работнички (10 место), Шкендија (19), Слога (21), Силекс (22), Победа (29), Ренова (41), Металург (42), Македонија ЃП (47), Пелистер (55), Тетекс (56), Цементарница (59), Беласица (60), Милано (62), Башкими (65), Турново (71), Шкупи (81), А. Пандев (88).

Да потсетиме дека се сметаат само резултатите од 1992 до 2020, токму затоа ја нема Струга ТЛ.

На генералната табела, од 1955 до 2020 во сите натпреварувања, Ц. Звезда е најуспешен клуб, следуваат Партизан, Динамо Загреб, Хајдук…

На оваа табела најуспешни од нашите клубови се Вардар (13 место), Работнички (17), Шкендија (24)….

ПретходноУ21 репрезентацијата без Станковски, Алиевски и Алији
СледноСинер се изнамачи за пласман во 1/8 финалето во Шангај!