Перо Антиќ со тешка провокација кон Партизан!

124

Перо Антиќ, првиот човек на КФСМ и еден од нашите најдобри кошаркари во историјата не крие дека е голем фан на Ц. Звезда, а таму и играше. Исто така познато е дека е негов голем пријател е Богдан Богдановиќ, иконата на Партизан и сегашен член на Атланта. Перо и Богдан заедно играа во Фенербахче и важат за големи пријатели, па одтаму малку во шега Антиќ за медиумите во Србија испрати тешка провокација кон Партизан:

Со Богдановиќ сме во постојан контакт, токму пред два дена се допишувавме. Кога – тогаш ќе го донесам во Ц. Звезда. Тој ми рече дека кариерата ќе ја заврши во Партизан, но сепак јас мислам дека тоа ќе го стори во “црвено – белиот“ дрес“ истакна Антиќ.

Секако дека ова нема да наиде на воодушевување кај фановите на Партизан кои не кријат дека воопшто не го “мирисаат“ Антиќ поради неговата блискост со Ц. Звезда.

ПретходноХеројот на Манчестер Јунајтед призна: Имаме психолошки проблем
СледноЈуве го прими првиот гол сезонава и киксираше против Каљари!