На сите им е јасно од какво значење е вековната битка меѓу Реал Мадрид и Барселона, но за разлика од некои други земји и култури, во Шпанија играчите меѓусебно и тоа како се почитуваат, без разлика што едните играат во Реал а другите во Барса.
Пред две недели Тибо Куртоа (Реал Мадрид) јавно на социјалните мрежи му испрати порака со поддршка кон Тер Штеген (Барселона), а сега тоа го стори Дани Олмо (Барса) до Дани Карвахал (Реал), кој вчера тешко се повреди и за него заврши сезоната.
Олмо на Инстаграм му порача на својот репрезентативен колега:
“Биди силен пријателе мој“…
Секако дека ова наиде на воодушевување кај фановите на двата клуба, најголеми во светот на фудбалот.