Јаник Синер немаше лесна задача против Ечевери во 1/16 финалето на Мастерсот во Шангај, напротив. Најдобриот тенисер на АТП листата сепак успеа да дојде до победа од 2:1 во сетови над Аргентинецот и со тоа оствари пласман во следната фаза.
Првиот сет го доби Ечевери во тај-брејкот, за да потоа Италијанецот почна да игра поквалитетно и успеа да ги добие следните два сета со 6:4 и 6:2 во гемови и со тоа да оствари триумф.
Со оваа победа сепак тој не дозволи да биде поразен од аутсајдерот, иако јасно е дека не беше лесно за него.