У21 репрезентацијата без Станковски, Алиевски и Алији

886

Македонската репрезентација до 21 година на 11 октомври ќе игра против Молдавија, а четири дена подоцна против Грузија во квалификациите за ЕП. Селекторот Драган Канатларовски го објави списокот на фудбалери меѓутоа истиот ќе претрпи промени поради новите случувања.
Поради повреди нема да бидат во комбинација дефанзивците Еран Алиевски и Ерион Алији. И Лука Станковски кој постигна деби гол за Раднички Крагујевац викендов исто така нема да биде во комбинација.
Стоперот Андреј Стојчевски е прекомандуван во А репрезентацијата, па Канатларовски ќе мора да бара алтернативно решение за сите овие позиции. Утре на собирот на младата репрезентација ќе види кого ќе викне дополнително.

ПретходноИнзаги: Важно е дека победивме, ама не смееме да примаме толку голови
СледноМоцарт: Вардар е на 6.место на евро-сцената од клубовите од екс – СФРЈ од 1992 до 2020, Работнички е десетти а Шкендија е 19-та! (ФОТО)