Фиорентина го запре залетаниот Милан

63

Фудбалерите на Фиорентина ја совладаа екипата на Милан со 2:1 во вечерашниот натпревар од 7-мото коло од италијанската Серија А. Избраниците на Паоло Фонсека по три врзани победи доживеаја тежок пораз во Фиренца.

Резултатот го отвори Адли со гол во 35-тата минута, а во 60-тата минута Пулишиќ изедначи на 1:1. Конечниот резултат го постави Гудмундсон во 73-тата минута. Интересно е што на денешниот натпревар имаше дури 3 промашени пенали, еден од нив промаши Моизе Кин за Фиорентина, додека пак останатите два не ги реализираа Тео Ернандез и Тами Абрахам од редовите на „росонерите“.

Со оваа победа Фиорентина се наоѓа на 11-тата позиција со 10 освоени бода, а МНилан се наоѓа на 6-тата позиција со 11 бода.

ПретходноКаваи Ленард неизвесен за стартот на сезоната: Лекарите велат да почекаме
СледноАтлетико само до бод во Сан Себастијан