Чаби Алонсо по ремито со Кил: Не игравме интелегентно, мислевме дека мечот е завршен

131

Шампионот на Бундес лигата, Баер Леверкузен имаше предност од 2:0 против новакот во лигата Холштајн Кил но на крајот мечот заврши со резултат 2:2. „Фармацевтите“ поведоа со 2:0 уште по осум минути, но потоа ја испуштија предноста.
Не сум задоволен од нашиот настап. Тоа е наша вина. Не игравме интелигентно и мислевме дека мечот е завршен, но во фудбалот секогаш треба да се продолжи со ист интензитет. Бевме премногу пасивни. По добриот настап во Лигата на шампионите, немавме правилен став за овој натпревар“, изјави тренерот Чаби Алонсо.

Во ЛШ Баер го победи Милан со 1:0, а имаа многу шутеви кон голот но само еден заврши во мрежата. Против Кил изгледа мислеа лесно ќе победат.
Имавме контрола, но без агресивност да дојдеме до третиот гол. Првиот гол на гостите пред полувремето беше сигнал дека може да стане опасно. Но, најголемата грешка беше во првото полувреме бидејќи не знаевме Како да се справиме со натпреварот по 2:0 Ние едноставно не бевме доволно паметни кога требаше да бидеме поконцентрирани“, коментираше Алонсо.

Баер (Леверкузен) падна на петтото место во поредокот со 11 бодови. Баерн Минхен, кој е на врвот од 13, ќе се соочи со Ајнтрахт Франкфурт во недела.

ПретходноВМФЛ: Во дербито Брегалница против Кожув, „лавовите“ го пречекуваат Осогово
СледноНадал се враќа – со Шпанија ќе атакува на титула