Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад ремизираа со 1:1 во мечот од 9-тото коло од Ла Лига. Играчите предводени од Диего Симеоне повторно не успеаја да победат на гостински терен и ја продлабочија црната низа од 3 натпревари без триумф на гости.
Резултатот го отвори Хулиан Алварез со погодок по само 60 секунди игра. Практично до самиот крај на натпреварот Атлетико ја контролираше играта и се чинеше дека ова ќе бидат нови три бода за „јорганџиите“, но во 84-тата минута хрватскиот репрезентативец Лука Сучиќ ја затресе мрежата на Јан Облак и донесе изедначување во Сан Себастијан.
Со ова реми Атлетико остана на третата позиција со 17 бода, а Реал Сосиедад се наоѓа на 15-тото место.