Бутел и Тиквеш со убедливи победи над Прилеп и Радовиш

59

Ракометарите на Бутел забележаа важна победа во 6. коло од Суперлигата победувајќи на домашен терен против Прилеп со 25:18. Без Владан Кастратовиќ и Никола Јеремиќ, гостите се чини не можеа да сметаат на изненадување.

Михајловиќ и Милошески постигнаа по четири погодоци, додека Квастек и Илиески со по пет погодоци беа најдобри кај гостите.

Тиквеш, пак, славеше на гостувањето кај Радовиш со високи 23:35. За Тиквеш ова е само втор триумф сезонава. Радовиш досега не успеа да оствари ниту една победа и веќе го запиша шестиот пораз.

ПретходноПелистер тргна со победа против Тиквеш во Кавадарци
СледноДимитријевиќ со 10 поени за прва победа на Милано