Димитријевиќ со 10 поени за прва победа на Милано

121

Со десет поени за 18 минути поминати на паркетот во Милано, нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ партиципираше во првата сезонска победа на Армани Милано во италијанското првенство.

Миланезите денеска на свој терен со високи 100-75 славеа над Сасари за премиерна победа.

Димитријевиќ одигра 18 минути, притоа реализирајќи 10 поени, 5 скока и 6 асистенции.

ПретходноБутел и Тиквеш со убедливи победи над Прилеп и Радовиш
СледноРома не успеа да ја победи Монца