Карлос Алкараз успеа со 2:0 да слави против Ву од Кина и со тоа да се пласира во 1/8 финалето на Мастерсот во Шангај, она што претходно во текот на денот го направи Јаник Синер.
Карлито имаше проблеми во првиот сет, сепак го доби во тај-брејкот со 7:5 за водство во сетови од 1:0. Во вториот одигра далеку подобро и успеа со 6:3 да го добие овој сет за конечни 2:0 против апсолутниот аутсајдер.
Се разбира дека Шпанецот е еден од најголемите фаворити за пласман во финалето, но и за освојување на Мастерсот во Шангај.