Кениска доминација на Скопскиот маратон, Ивановски трет, Поп Арсова втора… (ФОТО)

366

Хилари Чемвено од Кенија е победник на 20-тото јубилејно издание на Скопскиот маратон. Тој патеката долга 42 километри и 195 метри ја истрча за два часа, 13 минути и 28 секунди. Второто место го освои неговиот сонародник, Даниел Кипротих со време од два часа, 13 минути и 52 секунди.
Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски заврши трет со време два часа, 16 минути и 26 секунди.
Во женската маратонска трка победи Ирина Џеруто од Кенија со време 2:37:52, пред македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова која заврши со време 2:39:38, а третопласирана е Вилијат Џелалат од Кенија.

Во полумаратонската трка, во машка конкуренција првите три места ги заземаа Турци: Хусеин Чан (1:05:54), Мурат Емектар и Абдурахман Гедиклиоглу.
Во женска конкуренција првото место и припадна на Милица Мирчева од Бугарија со време од 1.15:49. Втора е Греша Бакрачи од Косово, а трета Џули Ларсен од Норвешка.
Оваа година на Скопскиот маратон беа пријавени рекордни 13.400 натпреварувачи.

ПретходноНадал се враќа – со Шпанија ќе атакува на титула
СледноИнзаги: Важно е дека победивме, ама не смееме да примаме толку голови