Крај на сезоната за Дани Карвахал, се повреди и Винисиус

290

Дани Карвахал ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, тој ќе биде опериран по што ќе започне долгиот процес на рехабилитација.

Карвахал се повреди во самиот финиш од натпреварот против Виљареал, на минута до крајот од судиското продолжение. Веднаш се знаеше дека се работи за сериозна повреда, нешто што подоцна беше и потврдено.

„Сериозна повреда на вкрстените лигаменти е потврдана, ќе имам операција и ќе бидам надвор од теренот неколку месеци. Веќе гледам позитивно кон почетокот на опоравувањето и ќе се вратам како ѕвер. Ви благодарам на сите за пораките, се чувствувам сакано“, рече Карвахал.

По мечот, тренерот Карло Анчелоти потврди и за повреда на напаѓачот Винисиус.
Тој има проблем со рамото, неговите движења на раката се отежнати, ќе видиме за што се работи“, изјави Анчелоти.

Но според првите проценки повредата на Бразилецот e истегнување на рамото и не е од сериозен карактер. Се шпекулира за пауза од околу три недели.
Идното коло Реал ќе и гостува на Селта.

ПретходноЈуриќ мора да ја победи Монца, во спротивно „лета“ од Рома?
СледноПерфектен Бањаја со триумф во Јапонија