Уф, каков трилер меч од 9.коло во Ла Лига меѓу Џирона и Билбао, кој заврши со победа на домашните од 2:1. Сепак веднаш да кажеме дека нашиот Бојан Миовски оваа драма ја гледаше од клупата, не доби шанса да настапи.
При резултат 1:1 Стуани од пенал во 90+9.минута стрелеша за победа. Сепак треба да се каже дека херој е домашниот голман Газанига кој им одбрани два пенали претходно на гостите, на Берунгиер и Херера, го фати и на Вилијамс, но тој се изведуваше повторно.
Неверојатен меч на “Монтиливи“ кој заврши со триумф на Џирона но без нашиот Миовски.
Аспрриља во 39.минута донесе водство за домашните, додека израмни Сансет во 41.минута, сепак Стуани во 90+9.минута од пенал донесе победа од 2:1.