Џудистката Ива Богдановска освои бронза на Балканското првенство во Тирана

36
Фото: Џудо Федерација на Македонија

Во Тирана, Албанија се одржува Балканското првенство во џудо за јуниори, а македонската џудистка Ива Богдановска стигна до бронзениот медал. Во борбата за третото место таа победи репрезентативка од Грција.
Инаку добар настап имаше и Анамарија Стојмиловска која беше на чекор до медал, но во борбата за третото место беше поразена од турска џудистка и на крајот заврши петтопласирана.
На Балканското првенство настапија уште Лилјана Недановска, Азра Заими, Сергеј Димитријоски и Никола Магдески.
Во недела ќе настапи и Борјана Поп Атанасова и потоа следува натпреварот во микс тим.

ПретходноПерфектен Бањаја со триумф во Јапонија
СледноРеал нема пораз во Ла Лига на 41 меч, се приближува до апсолутниот рекорд