Бразил остана и без Милитао за дуелите со Чиле и Перу

80

И Едер Милитао нема да игра на претстојните натпревари на бразилската репрезентација.

Новинарот Марио Кортегана, пренесува дека дефанзивецот на Реал Мадрид одлетал во Бразил и бил подложен на лекарски преглед, кој открил мала повреда на мускулот на левата надколеница.

26-годишниот фудбалер нема да учествува на натпреварите против Чиле и Перу во квалификациите за СП 2026 година. Вчера беше објавено дека Бразил остана и без Винисиус Жуниор.

ПретходноАтлетико само до бод во Сан Себастијан
СледноОхрид утре ќе почне со продажба на билетите за мечот со романска Потаиса Турда