Ракометарите на ЖРК Металург го завршија настапот во квалификациите за Еврокупот откако во реваншот против турскиот Гореле славеа со 37-34 што беше недоволно да се анулира поразот од првиот меч од 28-36.
Металург имаше предност од шест гола на полувреме (21-15), но во финишот не успеа да ја престигне онаа негатива од осум голови од првиот натпревар.
Најдобра ракометарка кај Металург беше Марија Јанкуловска со дури 14 погодоци, а осум постигна Михаела Кралева.