Проблеми со напаѓачите: Отпадна и Трајковски!

250

Фудбалерот на сплитски Хајдук, Александар Трајковски не е подготвен за максимален напор и нема да биде дел од подготовките на македонската А репрезентација за натпреварите против Летонија и Ерменија од Лига на нации. 

Хрватскиот клуб преку официјално известување од лекарскиот тим информираше за здравствената состојба на Александар Трајковски. Македонскиот репрезентативец веќе одреден период има проблем со мускулот на ногата, истегнување кое го спречува да биде во конкуренција за клупски и репрезентативни настапи. 

До овој момент, стручниот штаб во репрезентацијата нема да повикува дополнителен повик. 

Големи проблеми за селеторот Милевски со напаѓачите, претходно информиравме дека и Дарко Чурлинов нема да биде во комбинација поради повреда.

ПретходноПоради повреда: Без Чурлинов против Летонија и Ерменија!
СледноОфицијално: Чеде Јаневски на клупата на Неа Саламис!