Легендата на Манчестер Ј., Пол Сколс ја критикуваше трансфер политиката на клубот.
„Видете, Хојлунд игра добро, но дали ќе постигне 20 гола? Јас не мислам така. Циркзе… Кој е тој, „деветка“ или „десетка“? Дали ќе постигне 20 гола? Не ни помислувам. Мислам дека тие се потпираат повеќе на надеж отколку на вистински докажан квалитет и потрошија толку многу пари. Тоа е луда сума на пари, а некои од играчите не можат да влезат во тимот. Угарте, кој дојде во клуб и требаше да ја смени средината, тренерот не го пушти да игра. Де Лигт, 50 милиони фунти и не го пушти да игра, наместо тоа влегува 36-годишниот Џони Еванс. Ова е вистински хаос со трансферите“, изјави поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.