Татко и син: Леброн и Брони го одиграа првиот заеднички НБА меч (ВИДЕО)

160

Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс го одиграа историскиот прв заеднички натпревар во НБА. Една од најголемите ѕвезди низ историјата на НБА лигата, и неговиот најстар син влегоа во исто време на теренот на претсезонската средба со Феникс Санс која Лејкерс ја загубија со 114:118. Заедно одиграа 4 минути и 9 секунди.

Леброн имаше 19 поени (8 од 12 од поле), 5 скока и 4 асистенции, а Брони реализираше само 2 скока и притоа нанижа 4 загубени топки. На теренот се задржа 13 минути. Интересно е што Брони вчера наполни 20 години.

ПретходноНадал ќе игра за Шпанија во Дејвис Купот?
СледноНекогашниот НБА кошаркар за влакно се спаси во поплавите во БиХ