Алкалоид ја „среди“ и Струга за „шест од шест“

87

Ракометарите на Алкалоид без проблеми ја совладаа екипата на Струга во шестото коло од македонската Суперлига. Скопскиот тим славеше со 35-20. Со овие бодови четата на Кирил Лазаров останува со максимален ефект.

На паузата Алкалоид водеше со 17-7, а потоа ја одржуваше предноста која на крајот и ја зголеми.

Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Никола Костески кој му даде дури 13 голови на својот матичен клуб. На другата страна Богдан Мијушковиќ постигна шест голови.

Следното коло ракометарите на Алкалоид одат на „седум од седум“ бидејќи му гостуваат на новакот Бисинов од Велес.

ПретходноУште на стартот возбудувања во Супер и Прва лига во пинг понг
СледноКоментар на 9.коло: Работнички е ЧУДО, Работнички “ГАЗИ“, Работнички е ЛИДЕР!