И Едер Милитао нема да игра на претстојните натпревари на бразилската репрезентација.
Новинарот Марио Кортегана, пренесува дека дефанзивецот на Реал Мадрид одлетал во Бразил и бил подложен на лекарски преглед, кој открил мала повреда на мускулот на левата надколеница.
26-годишниот фудбалер нема да учествува на натпреварите против Чиле и Перу во квалификациите за СП 2026 година. Вчера беше објавено дека Бразил остана и без Винисиус Жуниор.