На 10 октомври (четврток) со почеток во 18 часот во Рига нашата А репрезентација во рамките на Ц Лигата на Нации и гостува на Летонија. Секако дека се очекува победа и нови три бода.
Што се однесува до судењето ќе имаме судии од Данска. Главен ќе биде Јакоб Александер Сундберг (35) кој од 2022 е со знакот на ФИФА. Интересно тој лани во рамките на 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции и судеше на Струга ТЛ против Есперанж во Скопје, кога нашиот тим победи со 3:1, а Бесарт Ибраими постигна хет – трик. На тој меч Данецот покажа два пенали за стружани. Нема да имаме ништо против ако и во Рига покаже два пенали за Македонија.
Негови помошници се Дениз Јурдакул и Виктор Скуте, додека четврти е Микел Редер, сите од Данска.