Една година надвор од терените: Карвахал има скинати лигаменти и повреда на тетивата

84

Она од што стравуваа сите во Реал (М) се потврди. Дефанзивец на „кралевите“ Дани Карвахал заработи страшна повреда, по која го чека долга пауза.

Како што објавија медиумите од Шпанија, Карвахал има скинати вкрстените лигаменти на коленото на десната нога. Дополнително, констатирано му е кинење на надворешниот колатерален лигамент и тетива на десната нога. Тој ќе биде опериран во наредните денови.

Забележано е дека поради повредата ќе остане надвор од терените речиси една година.

ПретходноСтаврев “главен“ во Хелсинки, ќе им суди на Финска и Р. Ирска!
СледноПоради повреда: Без Чурлинов против Летонија и Ерменија!