Селекторот на шпанскиот Дејвис Куп состав, Давид Ферер, најави дека Рафаел Надал наскоро би можел да заигра за репрезентацијата повторно.
Надал не играше од Олимпискиот турнир во Париз, но даде индикации дека би можел да им помогне на своите соиграчи во финалето на Дејвис купот во Малага во ноември.
Претходно, шпанскиот тенисер од 16 до 19 октомври ќе игра на егзибициски турнир во Саудиска Арабија.
„Го познавам Рафа како личност, тој е искрен и ако излезе на теренот, ќе даде сто проценти. Свесен сум за неговите натпреварувачки способности, факт е дека тој веќе не може да игра подолги периоди, но во сингл може да биде непобедлив “, вели Давид Ферер.
Шпанија ќе игра против Холандија во четвртфиналето на Дејвис купот.