Неверојатна судиска грешка се случи на мечот помеѓу Флавио Коболи и Стен Вавринка на Мастерсот во Шангај. Главниот судија Карлос Бернардес се збуни со резултатот и му даде поен на Италијанецот кој се покажа како пресуден во конечниот резултат.
Интересно е што, во тој момент, никој не ја приметил грешката, па дури ни самиот Вавринка или било кој од неговиот стручен штаб.
При резултат 1:0 во сетови и 1:0 за Коболи во третиот сет, судијата направи грешка. Вавринка го осви првиот поен во гемот, но судијата заборавил да го впише и по следниот поен кој го освоил Италијанецот, место да објави 15-15 означил 0-30 за Коболи кој во тој гем направи единствен брејк во мечот и со 6-3 на крајот дојде до победата.
Коболи на крајот славеше со 2-1 во сетови (6-7, 7-6 и 6-3) и во наредната рунда ќе игра против Новак Ѓоковиќ.
Инаку на овој турнир во следното коло се пласираа уште Холгер Руне кој го победи Матео Беретини,. потоа Давид Гофин кој беше поуспешен од Лоренцо Мусети, па Григор Димитров, Францес Тиафо, Фриц, Сафиулин, Гриекспор…
Quite a bizarre situation earlier in the Wawrinka-Cobolli 3rd set.
Bernardes (probably distracted asking for something) called the score wrong in the 2nd game (0-30 instead of 15-15). Nobody noticed the error. Not even the players.
Ended up being the only break of the match. pic.twitter.com/Hjg2l6mLnM
— José Morgado (@josemorgado) October 7, 2024