Недановски пред Валур: Фаворити сме, иако сме ослабени по повредата на Горига

117

Ракометарите на Вардар утре во СЦ „Јане Сандански“ ги започнуваат европските настапи. Во рамките на групната фаза од ЕХФ Европската лига, Вардар е домаќин на исландски Валур. Пред дуелот, тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски вели:

„Многу ми е драго што по 2 години се враќаме во Европа. Тоа го посакуваа сите и играчите и навивачите. Можеби одамна не сме играле Европска лига, но се надеваме дека наскоро ќе гледаме и Лига на шампиони. Противникот е малку познат на јавноста. Тоа е млада, но доста перспективна екипа, која форсира брз, модерен ракомет. Составени се од млади играчи и неколку навистина возрасни играчи со над 40 години. Треба добро да се подготвиме. Тие лани покажаа дека се подготвени и да освојат европски трофеј. Го гледавме нивниот финален меч со Олимпијакос. Фавортската улога ја преземаме ние, бидејќи играме во нашата сала. Мислам дека ќе ја оправдаме улогата, но треба добро да се подготвиме. Имаме повредени играчи. Пинто е повреден, но очекуваме негово враќање. За жал Горига има тешка повреда на раката, имаше операција и подолго време нема да биде во тимот“, вели Недановски.

Мечот со Валур е утре со почеток од 20.45 часот.

 

ПретходноРаботнички оди на реванш со Волунтари, а веќе го знае и следниот евро-предизвик
СледноЛазаревски: Да ја отвориме евро-сезоната со победа