Чедомир Јаневски, еден од нашите најдобри тренери и некогашен селектор на Македонија, повторно ќе работи на Кипар. Како што попладнево официјално објавија од Неа Саламис, Македонецот и дефинитивно е нов тренер на оваа екипа од Фамагуста.
Во соопштението се вели дека раководството на Неа Саламис успеало да ангажираат квалитетен тренер кој досега предводел повеќе екипи од Европа и Кипар.
Инаку досега Јаневски на Кипар им бил тренер на екипите на Енозис, Етникос, Олимпијакос Никозија и АЕЛ Лимасол.