Лоша вест за селекторот Благоја Милевски за сите во репрезентацијата. Имено поради повреда на вчерашниот меч меѓу неговата Јагелонија и Легија Варшава, во дербито во Суперлигата во Полска, Дарко Чурлинов нема да биде во комбинација за претстојните мечеви против Летонија и Ерменија.
Навистина штета, ако се знае како Дарко одигра во четвртокот во Копенхаген во Лигата на Конференции, кога во 90+8.минута со прекрасен гол му донесе победа на својата Јагелонија, а и вчера на дербито беше стартер.
Допрва ќе се знае дали Милевски ќе повика нов играч место Чурлинов.