Почина легендарниот холандски фудбалер Јохан Нескенс

368

Утринава на 73-годишна возраст почина легендарниот холандски фудбалер Јохан Нескенс. Поранешниот играч од средниот ред починал во Алжир во неделата (6 октомври). Тој бил во африканската земја на проект на холандската федерација.

Неескенс ја заслужи својата репутација како еден од најдобрите играчи од средниот ред во 1970-тите и 1980-тите, познат по неговите удари од пенали. Потоа играше две финалиња на светските првенства (1974, 1978), а во првото дури постигна гол, со кој „Лалињата“ поведоа со 1:0 над тогашна ДР Германија, но подоцна загуби со 1:2.

Со 17 погодоци во 49 натпревари за портокаловите, тој беше еден од најистакнатите репрезентативци.

На клупско ниво, играл за Ајакс, Барселона, Њујорк Космос, Гронинген, Канзас Сити.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Станиќ (Работнички)
СледноУште на стартот возбудувања во Супер и Прва лига во пинг понг