Спортскиот директор на националниот тим, Дени Масев е пред заминување од оваа позиција откако минатата недела влегол во жестока расправија со првиот човек на федерацијата, Муамед Сјдини.
Хаосот во ФФМ проследен со многу скандали и откази на стратешки спонзори и партнери носи негативна клима во федерацијата пред пресудните дуели со Летонија и Ерменија во текот на деновите кои следат.
Дени Масев важи за еден од најблиските соработници на Сејдини во ФФМ и човек кој седум години е на функцијата спортски директор со кој националниот тим ги забележа сите историски успеси и подвизи.
Нетрпението трае со месеци а можеби и години па така Сејдини со низата проблеми сега се соочува и со откази на најблиските.
Како што дознаваме Дени Масев на претседателот на ФФМ во лице му ги кажал сите проблеми кои се случуваат и во националниот тим а кои се таложат и висат во воздух уште од срамните 7:0 со Англија од квалификациите за ЕП. Репрезентативците денеска имаат собир во Хилтон а двете страни сеуште молчат за најавите кои се шират низ фудбалските кулоари за нивната разделба.
Кој прв ќе повлече!? Кој ќе ја отвори пандорината кутија за хаосот во ФФМ!? Поучени од минатото Сејдини се очекува да се заштити со одлука на фамозниот комитет за итност кој треба со аргументи да го покрие и заштити првиот човек на ФФМ со оставката или заминувањето на Дени Масев.