Реал и дефинитивно тргнува по ѕвездата на Ливерпул, планот е да дојде во јануари!

343

Нема веќе дилеми. Реал Мадрид речиси една година ќе биде без Дани Карвахал поради тешката повреда на лигаментите. Јасно е дека Дон Карло нема речиси никаков адекватен избор на таа десна бековска позиција, до јанури се ќе биде “крпење“.

Сепак Дон Карло и Реал Мадрид имаат план. Тие уште сега тргнуваат по ѕвездата на Ливерпул Трент Александер – Арнолд на кого договорот со “Редси“ му истекува во јуни а засега нема најави дека истиот ќе биде продолжен или барем се почната преговорите.

Ако Ливерпул ја пушти својата ѕвезда во јануари може и да заработи нешто, ако не тогаш во јуни дезниот бек си оди како слободен играч.

Сега на потег се самиот играч и Ливерпул, дали ќе прифатат трансфер во јануари на “Сантијаго Бернабеу“ или пак ќе чекаат до јуни или пак воопшто нема да прифатат.

Сепак, Реал Мадрид не се одбива….

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 9.КОЛО: Компаоре блескаше на Арената
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Станиќ (Работнички)