Манчестер Сити – Премиер лига 1:0

316

Манчестер Сити доби една од двете важни битки. Едната е во тек е за 115 обвиненија за кршење на финансискиот фер плеј, но денеска „граѓаните“ ја добија другата битка. Се работи за правилата за комерцијални договори.

Независен панел утврди дека правилата на Премиер лигата за комерцијални договори помеѓу клубовите и поврзаните страни, како што е договорот на „граѓаните“ со „Етихад“, се незаконски.

Сити вложи жалба на 25-те прописи во правилникот на Премиер лигат поврзани со „трансакција на поврзани лица“, за кои смета дека ги кршат правата на конкуренцијата, како и одлуката на лигата да го спречи клубот да потпише два големи спонзорски договори.

Правилата за трансакција со поврзани страни (АПТ) на Премиер лигата беа наменети да ги спречат компаниите поврзани со сопствениците на фудбалски клубови намерно да плаќаат повеќе за зделки со самите клубови.

Правилата беа воведени по преземањето на Њукасл Јунајтед од Саудиска Арабија во обид да се спречат богатите сопственици да ги зголемуваат приходите на своите тимови без да ги прекршуваат правилата за финансиски фер-плеј. Поради овие прописи, Премиер лигата го отфрли новиот спонзорски договор што Манчестер Сити го потпиша со Etihad Aviation Group на крајот на 2023 година, како и друг договор со банка со седиште во Абу Даби.

Утврдено е дека Премиер лигата ја злоупотребила доминантната позиција. Трибуналот утврди дека неговите правила се структурно неправедни и дека Премиер лигата е особено неправедна на начинот на кој правилата се применуваат на клубот во пракса. Утврдено е дека правилата се дискриминаторски во бизнисот, бидејќи тие намерно ги исклучувале акционерските заеми“, објавија „Граѓаните“.

Англиските медиуми велат дека оваа пресуда ќе ѝ нанесе голем удар на Премиер лигата, бидејќи ќе го промени правецот на идното финансиско управување на лигата.

 

ПретходноХаотичен меч во Втората Бундес лига – дефанзивциве како првпат да играат фудбал! (видео)
СледноПицерија го тролаше тренерот на Манчестер Јунајтед